Деми Мур во последно време се држи до белите фармерки за кои кога ќе видиме колку добро и стојат, не можеме да и замериме.
Патем, белите фармерки се прогласени за ултимативен симбол на Rich Mom energy („Енергијата на богатата мајка“), уште еден стилски тренд на TikTok, кој доаѓа во комплет со клучеви од автомобил (Tesla или Mercedes), авијатичарски очила за сонце, Apple Watch и чанта Fendi од рафија.
Но наместо Teva сандали кои ги носеше минатиот пат, овој пат Деми посегна по ниски, бели патики на Adidas и тексас кошула со кратки ракави. И мора да признаеме, изгледа неверојатно добро.
Белите патики се безвременска модна класика. Едноставните и разновидни уреди за носење се секогаш и со се, и без разлика на промените во трендовите, тие се составен дел од гардеробата на „ит“ девојките и најголемите трендсетерки. Но, тие ги сакаат и љубителите на класиката.