СТАНДАРД life
Храна

Торта со морков и сирење

Број на луѓе: 4, Подготовка: 70 минути

Состојки:

* 3 чаши брашно
* 2 и 1/4 чаши шеќер
* 3/4 шолја рендан кокос
* лажица сода бикарбона
* 1,5 лажичка цимет
* 1,5 лажичка сол
* 1 шолја + 2 лажици масло од канола
* 3/4 шолја природен сок од јаболка
* 3/4 шолја сечкан конзервиран ананас
* лажица екстракт од ванила
* 3 чаши рендани моркови (околу 5 големи моркови)
* 225 гр крем сирење
* 8 лажици путер на собна температура
* 4 чаши шеќер во прав
* лажица ванила екстракт

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Со хартија за печење обложете два тркалезни калапи за колачи со ист дијаметар (околу 20 см).

Во поголем сад за матење додадете брашно, шеќер, кокос, сода бикарбона, цимет и сол и убаво измешајте. Додадете масло од канола, сок од јаболко, ананас и ванила и измешајте.

Додадете моркови и мешајте додека сè не се соедини.

Поделете го тестото подеднакво во двата калапи и печете 45-50 минути. Извадете го од рерна и оставете да се излади.

За кремот измешајте веганско крем сирење и путер, додадете шеќер во прав и на крај ванилата.

Соединете ги двата бисквита со крем, па намачкајте го кремот и на врвот од колачот.

На здравје!

Поврзани вести

🎥Веќе е познато кој ќе биде најголемиот тренд во светот на храната во 2024 година

Urednik

Појадок што го препорачуваат сите нутриционисти, а не е овесна каша: Ќе ве држи сити до ручек!

Urednik

Гибаница од тава

Urednik