СТАНДАРД life
Шоубиз

Шварценегер откри: Можев да умрам поради грешка на лекар

Легендарниот актер, Арнолд Шварценегер се присети на операцијата поради која, како што вели, можел да умре.

– Се сеќавам кога ја направив третата операција на отворено срце. Тоа беше пред само неколку години, непосредно пред да започнеме со снимање на Терминатор 6. Навистина се откачив. Се разбудив и наеднаш пред мене беа лекарите кои ми рекоа: „Многу ни е жал, но не беше како што планиравме“ – се присети актерот во обраќање на Инстаграм.

Тој додаде дека тоа требало да биде едноставна процедура, но се се искомплицирало кога лекарите по грешка му го проболе ѕидот на срцето, предизвикувајќи внатрешно крварење. Поради ова, лекарите морале да му ги отворат градите на поранешниот гувернер на Калифорнија за да му го спасат животот.

– Се прашував како да се извлечам од се. Во филмот требаше да трчам, да снимам борбени сцени, да кревам разни предмети… Но прво морав да излезам од болница. Ми помогнаа пријателите кои ме мотивираа – додаде актерот чие закрепнување напредуваше бавно – од 10 чекори дневно до секојдневни прошетки низ болницата.

Поврзани вести

Кит Ричардс против рапот и поп музиката: „Секогаш беше ѓубре, тоа е суштината на се…“

Urednik

Бен Афлек и Мет Дејмон обвинети поради вознемирување и закани за силување

Urednik

Словенија е една од шесте земји што го откажаа учеството на Евровизија: „Во име на 20.000 деца убиени во Газа“

Urednik