СТАНДАРД life
Шоубиз

Животната борба на Линда Евангелиста: „Не сакам да умрам!“

Откако позираше за септемвриското издание на Вог со нејзините колешки и пријателки Синди Крафорд, Кристи Тарлингтон и Наоми Кембел, Линда Евангелиста даде интервју за магазинот „Волстрит журнал“ и во него откри се за животната борба на која сè уште не и се гледа крајот.

Линда Евангелиста со години избегнуваше да се појавува во јавноста, а кога тоа се случи, сите беа шокирани од нејзината трансформација. Некогаш една од најубавите жени во светот, која владееше со модните писти во 90-тите години и ја доби титулата супермодел, беше подложена на криолиза, што излезе лошо за неа.

Станува збор за естетска процедура со која се замрзнуваат масните клетки за да се стопат, но во нејзиниот случај тие и отекле и и го изобличиле лицето. И додека јавноста беше убедена дека ова е единствената битка низ која минува, таа потајно се борела со уште потешки работи.

Во интервјуто кое го даде, Линда откри дека водела тешка битка во последните пет години, откако двапати и бил дијагностициран рак на дојка. За прв пат ѝ беше дијагностициран во 2018 година.

„Ракот е откриен за време на редовен годишен мамограф. Наодите не беа добри, а поради други здравствени фактори, без двоумење решив да направам билатерална мастектомија. По процедурата мислев дека го решив проблемот, но во 2022 година почувствував грутка и сфатив дека ракот се врати“, изјави таа.

Кога докторот и ја кажал втората дијагноза, таа била решена онкологот да го отстрани израстокот и се останато, без разлика како тоа ќе изгледа естетски.

„Ископај дупка во моите гради, не треба да изгледаш убаво. Сакам да ископаш колку што можеш длабоко. Сакам да видам дупка во градите кога ќе завршиш, дали ме разбираш? Не сакам да умрам“, се присети Линда Евангелиста во интервјуто, признавајќи дека сè уште живее во страв дека ракот ќе се врати.

„Знам дека сум со една нога во гробот, но го славам животот. Поминав низ некои ужасни здравствени проблеми, таму каде што сум и среќна сум што сум жива. Секој нов ден е бонус за мене“, вели легендарната Евангелиста.

Поврзани вести

Кетрин Зета-Џонс во костим за капење импресионира со нејзината исончана кожа и згодното тело

Urednik

Поширокото семејство ги заострува односите со Хари и Меган – и кумот на Арчи им врти грб

Urednik

🎥Хју Џекмен влезе во неволја во центарот на Њујорк

Urednik