СТАНДАРД life
Секс и врски

Од садизам до играње улоги: ова се 10-те најпопуларни фетиши

Знаете како велат – секој со своето, а тоа особено важи кога е сексот во прашање.

Според трендовите на Joy Loves Dolls и пребарувањата на Google, ова се најпопуларните фетиши:

1. Садизам/мазохизам

Садизмот се однесува на нанесување болка и страдање на некој друг заради сексуална корист, додека мазохизмот е нанесување на сопствена болка, понижување или страдање со цел да ви донесе сексуално задоволство. Овој тип на фетиш има околу 10 милиони прегледи годишно на Интернет.

2. Понижување

Слично на горенаведениот тип, понижувањето вклучува сексуално задоволство при понижување и омаловажување, кое не секогаш вклучува болка или насилство, а може да биде и вербално.

3. CBT

CBT е кратенка за „cock and ball torture“ или, на наши, тортура на пенисот и тестисите. Ова вклучува нанесување болка на пенисот или тестисите, која може да биде во форма на пирсинг на гениталиите, депилација, генитално удирање, стискање, камшикување, уретрална игра, боцкање, еротска електростимулација, клечење или удирање.

4. Мумификација

За една година, околу 325 илјади луѓе го пребарале овој фетиш на Интернет. Тоа подразбира завиткување од глава до пети, исто како што се завиткувале мумиите, и неподвижност за сексуално задоволство.

5. „Рогоња“

Овој фетиш е можеби малку попознат – вклучува гледање на вашиот партнер додека има секс или е сексуално активен со некој друг.

6. Клаустрофилија

Дали се плашите да не заглавите во мали и тесни простори? Тогаш веројатно имате клаустрофобија. Па, клаустрофилијата е токму спротивното од тоа. Станува збор за сексуално задоволство кое доаѓа од мали, тесни простори, пишува „Метрополитен“.

7. Викарфилија

Станува збор за тоа да бидеш возбуден од туѓите сексуални освојувања и да сочувствуваш со нивните животи. Околу 3,6 милиони луѓе годишно го пребаруваат овој фетиш.

8. Играње улоги

Веројатно еден од најпознатите фетиши што е дел од вообичаената практика. Играњето улоги вклучува глумење фантазии или улоги кои учесниците ги сметаат за сексуално привлечни.

9. Секси удирање/тресење

Тоа вклучува удирање на безбеден и консензуален начин.

10. Глумење возраст

Станува збор за сексуалното задоволство да се преправате дека сте на различна возраст од тоа што сте. Притоа, возрасните можат да се преправаат дека се многу помлади.

Поврзани вести

Зошто секогаш ги бирате лошите момци?

Urednik

5 суптилни разлики помеѓу вистинската љубов и токсичната врска

Urednik

Како да го подигнете либидото кога не сакате секс?

Urednik