СТАНДАРД life
Секс и врски

5 фази на вистинска љубов: Повеќето врски се распаѓаат во третата

Со 40-годишно искуство како брачен терапевт, Дајмонд заклучил дека проблемот не е да ја пронајдете љубовта на својот живот, проблемот е што таа не може да трае, бидејќи на повеќето луѓе им е тешко да ги поминат сите пет фази на љубовта. Најчесто, вели, не успеваат во третата фаза, која ја опиша како „Разочарување“.

„Обично, погрешно веруваат дека избрале погрешен партнер, а откако ќе го преболат, почнуваат повторно да бараат. Тие не разбираат дека третата фаза не е крај, туку вистински почеток на вистинската и трајна љубов“, вели Дајмонд, цитиран од Алетеја.

Но, да одиме чекор по чекор…

Заљубување

Сите ја поминуваат првата фаза на облак од среќа и возбуда, натопени со хормони како што се допамин, окситоцин, серотонин, тестостерон и естроген… И со идеализирана слика за својот нов партнер на која ги проектираат сите свои желби и идеи за вистинската љубов која може да трае вечно. Заљубувањето подразбира целосна доверба, предавање на емоциите и отсуство на рационално расудување.

Двајца стануваат пар

Врската се продлабочува во втората фаза, кога двајцата стануваат пар. „Учиме што сака другата личност и ги прошируваме нашите индивидуални животи за да започнеме да живееме заедно“, објаснува Дајмонд. За разлика од лебдењето во облаците во првата фаза, втората носи чувство на посилна поврзаност со саканата личност, безбедност и заштита. Луѓето често мислат дека тоа е максималното ниво на љубов, но тогаш неминовно пристигнува третата фаза…

Разочарување

Пресвртна точка, каде врската ќе најде нова сила или ќе се прекине. Во таа фаза исчезнуваат илузиите, а партнерот станува „обично“ човечко суштество, предвидливо, слабо, на моменти одбивно, со своите маани, иритирачки навики, непривлечно однесување… Многумина се чувствуваат разочарани, дури и измамени, убедени дека се во погрешна врска и со погрешна личност..

Тие се откажуваат да се прашуваат што се случило со таа „забавна, прекрасна личност која направила да се чувствуваат толку добро“. Затоа што оваа фаза дефинитивно не е добро чувство. Но, тоа е неопходно.

„Има една стара поговорка: Кога поминуваш низ пеколот, не застанувај. Ова изгледа релевантно за третата фаза“, вели Дајмонд, а како позитивна страна посочува дека согорува многу илузии за себе и за својот партнер. „Имаме можност да станеме повеќе сакани и повеќе да ја почитуваме личноста со која сме, а не проекциите што сме ги намениле за нив“.

Создавање вистинска, трајна љубов

Оние кои ќе истраат и ќе успеат да ја поминат третата фаза, во четвртата, поврзување на сосема ново ниво ги чека, преку вистинско разбирање, без илузии. Личноста која стои пред вас не е личноста со која сте замислиле дека ќе бидете, туку вистинско човечко суштество. Мора да ги прифатите и разберете сите негови доблести и маани. Но и партнерот ве гледа онакви какви што сте навистина.

„Нема ништо подобро од тоа да се биде со партнер кој ве гледа и сака такви какви што сте. Тој, на пример, разбира дека некое ваше лошо однесување не е затоа што сте лоши или љубоморни, туку затоа што сте биле повредени во минатото, а минатото сè уште живее со вас. Колку подобро го разбираме и прифаќаме партнерот, толку повеќе учиме да се сакаме подлабоко и подлабоко“.

Љубов која го менува светот

Фазата во која се надминуваат разликите и сомнежите, а довербата и блискоста се толку силна основа на љубовта, која навистина може да го промени светот. Повеќе не треба да поминувате низ животот само за да бидете заедно, туку одите заедно кон повисока цел. Ништо не е невозможно за вас. „Ако можеме да научиме да ги надминуваме нашите разлики и да најдеме вистинска и трајна љубов во нашите врски, кој знае, можеме да работиме заедно за да најдеме вистинска и трајна љубов во светот“, вели Дијамонд.

Поврзани вести

Гласно и јасно: Шест знаци дека вашиот сексуален живот не функционира

Urednik

Како да го подигнете либидото кога не сакате секс?

Urednik

5 изговори кои жените ги користат за да избегнат секс со партнерот

Radmila Tasevska