СТАНДАРД life
Храна

Се топи во уста: Телешко месо во рерна со пиво е празничен рецепт без конкуренција

Месото печено во рерна со зеленчук е вообичаен избор за свечен ручек во земјите низ светот.

Испечете парче телешко месо по желба со компири, моркови и пашканат, а за да му дадете дополнителна вкусност на јадењето – прелијте го со супа и пиво. Можете да изберете различни видови пиво, а пилснер особено оди со телешко месо.

За овој рецепт можете да изберете и потврдо парче месо – да речеме говедско, кое долго ќе се обработува термички на пониска температура.

Состојки:

* 1,5 кг телешко во парче за печење
* 500 мл супа од месо
* 500 мл пиво
* 4-5 мали компири
* 2 големи моркови
* 2 пашалканати
* 2 ловорови листови
* 1 главица кромид
* 1-2 чешниња лук
* растително масло
* сол и бибер по желба
* лута пиперка по желба

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени.

Излупете ги компирите, морковите и пашканатот. Исечете ги на поголеми парчиња и оставете ги на страна.

Извадете го парчето месо од фрижидер околу половина час пред термичка обработка. Добро исушете го со хартиена крпа.

Посолете го месото од сите страни.

Во голема тава или тенџере – идеално тенџере од леано железо со капак – загрејте малку масло на силен оган и пржете го месото од сите страни до златно кафеава боја.

Извадете го месото од тенџерето. Во преостанатата маснотија пропржете го сечканиот кромид, морков и пашканат пет до шест минути додека не омекнат.

Додадете го сечканиот лук и сè заедно динстајте околу половина минута.

Истурете врз зеленчукот супа од месо и пиво. Додадете ја лутата пиперка и ловоровите листови и оставете ја течноста да зоврие.

Потоа намалете ја температурата, вратете го месото во тенџерето и додадете ги исечканите компири. Поголемиот дел од содржината на тенџерето треба да биде течен. Ако не, додадете уште супа од месо.

Покријте го тенџерето и ставете го во загреана рерна 2,5-3 часа, односно додека термички не се обработи до крај.

Зеленчукот ќе биде многу мек до крајот на готвењето.

На здравје!

Чили грав со мелено говедско месо: Рецепт за совршен есенски ручек

Поврзани вести

Посна шпанска пита

Urednik

Брз десерт од 5 состојки: Рецепт за совршени шненокли

Urednik

Домашни крекери: Крцкави и вкусни, готови за 30 минути!

Radmila Tasevska