СТАНДАРД life
Храна

Рецепт за посен гулаш од печурки

Гулашот е еден од омилените специјалитети, но бидејќи почна периодот на постот, добро е да се најдат алтернативни опции за вакви вкусни јадења.

Гулашот од печурки е една од тие замени, а доколку сте љубители на ова јадење, сигурно ќе ја подготвите и оваа посна варијанта.

Рецептот е едноставен и не бара многу време за подготовка, па ќе уживате во подготовката.

Состојки :

* 450-500 гр печурки
* сецкан црвен пипер
* голема шолја сок од домати, ако имате домашен е уште подобро
* голема главица кромид
* една лажица црвен пипер, може да биде и лут
* сол и црн бипер

Подготовка:

Печурките исчистете ги и исечете ги на четвртинки.

Следно, излупете го кромидот и исечете го на ситни коцки, а потоа црвената пиперка.

Пропржете ги овие состојки на средна топлина додека не поруменат, а потоа додадете малку сол и бибер. Промешајте додека зеленчукот се динста, а потоа додадете го црвениот пипер.

Доколку истече течноста од печурките, слободно додадете малку вода.

Додадете го сокот од домати и покријте ја тавата. Оставете да врие 15 минути на средна или ниска температура.

На здравје!

Поврзани вести

Како да изберете сочна диња?

Radmila Tasevska

Осо буко со зеленчук! Италијански специјалитет за цело семејство

Urednik

Карамел пита со јаболка

Radmila Tasevska