СТАНДАРД life
Храна

Пржено тофу повкусно од месо

Најважниот дел во овој рецепт е добро да се исцеди тофуто. Иако пченкарен скроб ќе помогне да му се даде на оброкот крцкава текстура, може да се разочарате од резултатот ако не го отстраните вишокот течност од тофуто пред да го комбинирате со останатите состојки.

Во веганската исхрана, тофуто се користи како замена за месо и сирење. Овој флексибилен прехранбен производ се создава со коагулација на протеините во млекото од соја, богат е со протеини и може да се подготви на многу начини.

Завиткајте го тофуто во чиста памучна крпа, а потоа ставете дрвена даска за сечкање и неколку тешки книги на неа. Оставете го тофуто така барем половина час, а потоа почнете да го подготвувате ова совршено јадење.

Состојки:

* 400 гр тврдо тофу
* 3 супени лажици пченкарен скроб
* ½ лажичка лук во прав
* ½ лажичка чадена пиперка во прав
* сол и бибер по желба
* растително масло за пржење

Подготовка:

Добро исцедете го тофуто и отстранете го вишокот течност со крпа.

Во голем сад измешајте пченкарен скроб, чадена пиперка, лук во прав, сол и бибер.

Исцеденото тофу се сече на коцки и се валка во подготвената смеса на база на пченкарен скроб и зачини од сите страни.

Загрејте го растителното масло во тава и на него испржете го подготвеното тофу. Пржете го тофуто околу две до три минути од секоја страна додека не добие убаво златно кафеава боја.

Исцедете го вишокот маснотии, посолете го тофуто и послужете веднаш.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт за таљатели со вргањ

Urednik

Рецепт за неодоливи турски јајца – појадок достоен за султан

Urednik

Хачапури: Брзо јадење од тесто кое ќе ве воодушеви

Urednik