СТАНДАРД life
Храна

ПЕЧЕН ЗЕЛЕНЧУК СО ЈАЈЦА И СИРЕЊЕ: Одличен предлог за лесен летен оброк

Едноставните јадења кои брзо се подготвуваат се одличен предлог за лесен летен оброк. Наш предлог за денес е да направите печен зеленчук прелиен со јајца и сирење.

Вака приготвениот зеленчук не само што е вкусен и ќе го сака целото семејство, туку и лесно и брзо се подготвува, а и заситува.

Состојки:

* 1-2 тиквички
* 1 кромид
* 1-2 моркови
* 150 гр чери домати
* сол, бибер, мелен црвен пипер
* 5 јајца
* 150 мл крем за готвење
* 80 гр брашно
* 150 гр сирење

Подготовка:

* Тиквичките исечкајте ги на прстени, па наредете ги во сад за печење обложен со хартија за печење. Зачинете со сол, бибер и посипете со мелен црвен пипер. Се пече на 180°C околу 10 минути.

Потоа во тава испржете ги крупно исечканите кромид и морков исечени на прстени. Во огноотпорен сад наредете ги печените тиквички и испржениот кромид со моркови, наредете ги чери доматите исечени на половина, па прелијте ги јајцата кои сте ги изматиле со кремот за готвење и брашното.

Се пече во рерна на 180°C околу 20 минути.

Кон крајот посипете со рендано сирење и печете додека не се растопи.

На здравје!

Поврзани вести

Киш со праз: Вкусно зимско јадење

Urednik

Рецепт за највкусната француска салата која ќе ги воодушеви сите

Urednik

Рецепт на денот: Коцки цимет

Radmila Tasevska