31.8 C
Скопје
19 септември, 2026
СТАНДАРД life
МК Сцена

Во БиХ започна снимањето на филмот „Павилјон“ со македонска копродукција

Во Зеница, Босна и Херцеговина, започна снимањето на долгометражниот игран филм „Павилјон“ по сценарио на Виктор Иванчиќ и Емир Имамовиќ-Пирке, во режија на Дино Мустафиќ. Филмот е во продукција на продукциската куќа „Панглас“ од Сараево, а македонски ко-продуцент е „Круг филм“ од Скопје. Снимањето ќе трае до почетокот на октомври оваа година.

Филмот раскажува приказна за злоставуваните станари на домот за стари лица „Павилјон“, кои организираат вооружен бунт чија цел не е подобрување на условите за живот. Тие сакаат правдина во нејзиниот исконски облик, без никаква грижа за моралните норми во општеството кое повозрасните личности ги смета за биолошки отпад.

Една од главните улоги во филмот ја толкува нашиот реномиран актер Мето Јовановски, а во реализацијата на филмот учествуваат и други авторски имиња: Жаклина Крстевска како костимограф, Алисија Ферро како скриптер и Раде Гогоски како прв асистент на камера.

„Павилјон“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, како и од Филмските центри на Босна и Херцеговина и на Србија. Главен продуцент од босанска страна е Мустафа Мустафиќ од „Панглас“, додека српски ко-продуцент е Бојана Маљевиќ од „Монте Ројал Пикчрс“. Македонски ко-продуцент е Дејан Крајчевски од „Круг филм“.

Режисерот Мустафиќ во својата кариера има постигнато големи успеси како со филмската, така и со театарската режија, а неговата претстава „Хелверовата ноќ“ на Камерниот театар 55 од Сараево, е запишана во историјата на босанско-херцеговскиот театар како најнаградувана со 23 интернационални признанија.

Поврзани вести

📽️ Sarah Mace and The Girlzz ја започнуваат празничната магија со „Нека Трепка“

Urednik

(Фото) Се појави фотографија од свадбата на легендарната Сашка Петковска, а Маја Вукичевиќ раскажа емотивна приказна за неа

Urednik

„Бизнисот на Задоволството“ својата прва проекција годинава ќе ја има во Венецуела

Urednik