Пестото од босилек своите корени ги има во Џенова, дел од Лигурскиот регион во Италија. Секое од тамошните семејства има свој начин на подготовка, со тајна состојка која му дава автентичност на секој сос. Заедничко им е традиционалниот начин на подготовка во аван, иако денес многумина користат различни машини за преработка на храна.
Знаеме колку добро оди со тестенините, а би било убаво ако одвреме-навреме вложите малку повеќе труд и љубов во тој ручек, па сами да си подготвите сос.
Состојки:
* 3 чешниња лук
* 2 чаши свеж босилек
* 1/3 чаша борови ореви
* половина чаша пармезан сирење
* бибер
* сол
* маслиново масло
Подготовка:
Колкава и чаша да користите, тоа е ваше мерило за сите состојки, единствено е што ќе ја зголемите или намалите количината на лук во зависност од тоа.
Прво исчистете го и изгмечете го во аванот, па додајте го да се динста со сол. Потоа полека додајте го босилекот кој претходно сте го истолчиле (иако сè можете да направите и во блендер).
Потоа се додаваат боровите ореви, исто така издробени (блендирани), па време е за малку пармезан. Во него полека се истура маслиново масло, а потоа уште пармезан. На крајот додадете уште малку сол и бибер.
Сок од лимон може малку да се исцеди, за уште подобар вкус.
Чувајте го во тегла во фрижидер.
На здравје!