СТАНДАРД life
Храна

Колач од вишни

Превкусен колач кога ќе нè зафати жештина, но сепак сакате да се засладите и освежите.

Вишните во оваа комбинација го даваат тој освежителен кисел вкус, а може да се направи со секое овошје.

Потребно ви е:

Белиот дел: 500 мл вода, 500 мл млеко, 10 лажици шеќер, 10 лажици гриз

Желето: 1 тегла компот од вишни, 500 мл сок од вишни од компотот, 6 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 2 пудинзи од ванила

Жолтиот дел: 500 мл млеко, 4 жолчки, 5 лажици брашно, 10 лажици шеќер, 200 гр маргарин

Подготовка:

Во длабока тава наредете ред бисквити. Измешајте ги водата и шеќерот, одвојте малку и во него измешајте гриз и млеко, а остатокот од млекото ставете го да зоврие. Сварете го гризот и мешајте додека не се згусне, па додека е топол прелијте го врз бисквитите.

По потреба се додава вода во сокот од вишните да се добие 500 мл, па се одвојуваат 100 мл и се матат шеќерот и пудинзите во него, а остатокот заедно со црешите се ставаат да зовријат.

Сварете го пудингот кога ќе зоврие и малку промешајте да се згусне, па премачкајте го преку смесата со гриз. Оставете да се излади додека се свари третиот дел.

Изматете ги жолчките со шеќерот и брашното, додадете малку ладно млеко и соединете сè. Остатокот од млекото ставете го да зоврие, а кога ќе зоврие, зовријте ја смесата со жолчките и мешајте додека не се згусне, па прелијте го желето од вишни.

Можеби ќе ви треба половина час помеѓу филовите за да се стегнат.

Оставете го колачот да се излади и ставете го во фрижидер добро да се излади. Декорирајте по желба.

На здравје!

Сочен колач со прелив од портокал

Поврзани вести

Спас за РАЗЛАДУВАЊЕ! Портокалов шејк ве враќа во живот

Urednik

Најевтиниот колач достоен и за најсвечените трпези

Radmila Tasevska

Желбата за одредена храна има значење

Radmila Tasevska