Пејачката Тијана Дапчевиќ повеќе од 20 години е со својот сопруг Милан, со кој го има синот Вук.
Двајцата се запознале на кошаркарски натпревар во Сомбор, а по четири дена почнале да живеат заедно, пишува „Блиц“.
Тие се венчаа на 28 април 2001 година, а неколку години подоцна беше објавено дека Милан ја изневерил Тијана со келнерка, но таа му простила. Меѓутоа, во 2015 година повторно почнаа гласини за наводни несогласувања во нивниот брак.
Медиумите објавија дека пејачката наводно се разведува, и дека неколку дена ја напуштила куќата во која живеела со сопругот за да си ги „среди мислите“. Но, таа сфатила дека не може без него, а подоцна изјавила дека нивниот брак „не е идеален, но опстојува благодарение на големата љубов“.
Кога ја прославија 18-годишнината од бракот, Тијана му се обрати на сопругот со емотивна порака.
View this post on Instagram
„Мајка ми (долго пред да стане тоа) го прочита расказот на Ѓура Јакшиќ за Тијана, која беше вљубена во Милан. Поради тоа, Ѓурина Тијана подоцна решила и јас така да се викам … Две школи, една академија и ’љубов‘ подоцна, Милан го запознав на место на кое не ни знаев дека можам да бидам (натпревар на кошарка), затоа што не поднесувам спорт. Оттогаш двајцата трпиме се. И оттогаш сите мои мисли почнуваат со множина … Среќна 18-годишнина љубов моја“, напиша тогаш Тијана на социјалните мрежи.