СТАНДАРД life
МК Сцена

„Te Dua, Жими Мене“ со награда за Најдобар игран филм на фестивалот „SoundScreen“

Филмот „Te Dua, Жими Мене“ на режисерот Маријан Гавриловски доби награда за најдобар игран филм на фестивалот SoundScreen во Равена, Италија.

Премиерата на филмот се случи 22 септември во киното „Синеплекс“, а филмот игра на редовен кинорепертоар во Скопје и низ Македонија.

По премиерата, Гавриловски во интервју за „Стандард лајф“ изјави дека фидбекот од публиката е одличен.

-Кога после премиерата видов стотици гледачи како излегуваат со насмеани лица знаев дека филмот искомуницирал со гледачите, ни изјави режисерот.

Комедијата како жанр, како што вели тој и како што токму е „Te Dua, Жими Мене“, недостасува на домашната сцена.

-Мислам дека и публиката е заситена од филмови со „патење“, додаде Гавриловски.

Поврзани вести

Весна Бејби: Децата не знаат да разликуваат кој театар е МНТ, Комедија и Драмски, тоа е пораз на сите нас

Urednik

Манчевски на 15 јули почнува да го снима својот осми филм – „Збогум, Копакабано“

Urednik

Елена Лука ја отвара третата сезона на Скопски моден фестивал

Urednik