СТАНДАРД life
Шоубиз

Бредли Купер во врска со поранешната девојка на Леонардо ди Каприо: Популарната манекенка и актерот фотографирани заедно (ФОТО)

Познатиот актер Бредли Купер и популарната манекенка Џиџи Хадид постојано се под будното око на светската јавност.

Имено, во изминатиот период актерот и манекенката во неколку наврати беа видени заедно, па нивниот однос почна да ја интригира јавноста, а на големо се зборува за нивната наводна врска.

Бредли Купер и Џиџи Хадид се појавија во четвртокот на специјална вечера во Њујорк, каде не останаа незабележани.

Папараците ги фотографирале манекенката и актерот кога излегле од ресторанот.

Љубовниот живот на контроверзната манекенка Џиџи почна да ги интересира светските медиуми уште од моментот кога пред неколку месеци ја прекина врската со актерот Леонардо Ди Каприо, а изгледа дека сега си најде нова љубов.

Од друга страна, Бредли Купер беше во емотивен однос со познатата Ирина Шајк.

Поврзани вести

Бен Афлек и Мет Дејмон обвинети поради вознемирување и закани за силување

Urednik

Аријана Гранде и Далтон Гомез официјално поднесоа барање за развод

Urednik

Сидни Свини негира дека правела пластични операции: „Не можам да поднесам игли“

Urednik