СТАНДАРД life
Храна

Идеја за вкусен ручек: Пиперки полнети со печурки

Овие полнети пиперки се совршен ручек!

Потребни состојки:

8 пиперки

200 грама буковки

500 грама пченица

3 чешниња лук

100 грама домати

300 грама праз

половина лажица слатка пиперка

босилек

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечкајте ги празот и буковките, а доматите исечете ги на коцки. Издинстајте го лукот и слатката пиперка, па додајте го претходно свареното и сомелено жито.
  2. Додајте зачини по вкус, малку босилек и наполнете ги пиперките со приготвената смеса.
  3. Наредете ги во плех за печење, покријте ги со фолија и печете ги 30 минути на 180 степени.

Наздравје!

Поврзани вести

Рецепт за најпопуларниот германски коктел

Urednik

Сочен куглоф со портокал ќе биде вашиот омилен десерт овој Божиќ

Urednik

Вегански мафини

Radmila Tasevska