Старлетата привлекува огромно внимание од светските медиуми каде и да се појави.
Ким Кардашијан е една од најследените јавни личности, па секој нејзин потег привлекува големо внимание кај медиумите, но и нејзините фанови.
Таа сега се прошета низ градот во лежерно издание, па покажа природен изглед.
Ким Кардашијан носеше црна маичка, која ја истакнува нејзината фигура, но и бројни модни детали, но нејзиното лице привлече посебно внимание.
Старлетата не беше нашминкана, но без проблем го покажа лицето полно со акни и црвенило.
Ким реши да ги отфрли сите предрасуди за јавните личности и нивниот беспрекорен изглед, а многумина го пофалија нејзиниот потег.