СТАНДАРД life
МК Сцена

Ламбе и Врчак по многу години повторно заедно: Го отпеаја нивниот хит

Музичарот Раде Врчаковски Врчак, по подолга пауза, повторно испеа еден од неговите стари, добро познати, хитови.

Тие беа гости на свадба кај заеднички пријател во Охрид и ги изненадија присутните со изведба на „Спасете ме другари“. Ова прв јавен настап за Врчак после долго време.

Тој на сцената го придружуваше својот долгогодишен пријател Ламбе Алабаковски, и на огромно задоволство на насобраната толпа се фати за микрофонот.

Видеото од изведбата на хитот „Спасете ме другари“ набрзо стана вирално на социјалните мрежи, а во коментарите обожавателите на Врчак му порачаа дека е редно време повторно да почне да настапува.

Пејачот Ламбе Алабаковски и раперот Раде Врчаковски-Врчак беа едни од најпопуларните музички имиња на нашата естрада пред петнаесетина години.

Поврзани вести

Две златни арени за „Домаќинство за почетници” на Горан Столевски

Urednik

„Јон Вардар против Галаксијата“ со почесна награда за визуелна имагинација во Кина

Urednik

Гочева најави концерт на „Вајб мјузик фестивал“

Radmila Tasevska