СТАНДАРД life
МК Сцена

Игор Џамбазов слави 2 јубилеја во Филхармонија

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов со концерт во Македонската филхармонија на 21 октомври ќе одбележи два големи јубилеја.

Првиот повод е неговиот 60. роденден, но на овој настан ќе одбележи и три децении музичка соработка со блуз ветеранот Гуру Харе.

„Оваа година го прославуваме 60-от роденден на Игор, како и 30 годишнината од соработка помеѓу него и неговиот животен блуз-сопатник Гуру Харе. Сето ова ќе го прославиме заедно на 21 октомври во Македонската Филхармонија, со концерт на кој ќе биде изведен новиот матерјал од албумот „Првите триесет“, како и нивните најголемите хитови. Игор Џамбазов и Гуру Харе – вечните борци против кичот, шундот, турбо-фолкот и плејбекот…“, стои во најавата на настанот.

Поврзани вести

Македонија 16 години без својот музички ангел Тоше Проески

Radmila Tasevska

„Мајка“ распродаден за кино дистрибуција во Европа пред својата светска премиера во Венеција

Urednik

Манчевски на 15 јули почнува да го снима својот осми филм – „Збогум, Копакабано“

Urednik