СТАНДАРД life
Шоубиз

„Целосно се изобличи“: Фотографиите на Мадона без филтри и фотошоп го обиколија светот, а фановите останаа шокирани од изгледот на пејачката (ФОТО)

Кралицата на попот предизвика бројни конфликтни реакции со естетските корекции на кои се подложи.

Мадона е активна на социјалните мрежи, а на својот Инстаграм често објавува фотографии кои се модифицирани во Фотошоп и поминати низ бројни филтри.

Пејачката сега се појави пред хотел во Манчестер во лежерно издание, а нејзините обожаватели имаа можност да видат како изгледа поп иконата надвор од сцената и без дополнително разубавување.

Ова беше едно од ретките јавни појавувања на Мадона откако поради здравјето заврши во болница.

Сепак, она што на многумина им падна во очи е лицето на Мадона, иако пејачката се обиде да го скрие со големи црни очила за сонце и качулка.

Резултатите од естетските операции и затегнување и тоа како се очигледни, па многумина останаа шокирани како всушност изгледа пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna Literal (@madonnaliteral)

„Исусе, што и се случи“, „Нејзините усни и лице изгледаат болно“, „Таа е целосно изобличена“, „Мило ми е што е подобра, но овие фотографии ме растажуваат“, „Она на Инстаграм и она во живо се два света“, се само дел од коментарите.

Инаку, Мадона беше пронајдена без свест на 28 јуни кога падна во состојба на септичен шок. Таа итно беше пренесена на интензивна нега поради бактериска инфекција. Нејзината состојба беше многу критична. Иако не ја откри точната инфекција од која боледува, набрзо беше пуштена на домашно лекување и успешно закрепна.

Поврзани вести

Позната актерка: Изгубив улоги поради мојата висина, изгледам како жирафа на црвениот тепих

Radmila Tasevska

Поранешните сопружници во добри односи: Бен Афлек и Џенифер Гарнер фатени во прегратка

Urednik

„Ти си одвратно суштество“: Асистентката на Роберт де Ниро добива вознемирувачки пораки

Radmila Tasevska