СТАНДАРД life
Шоубиз

Раперот го прекина концертот за да понуди да ги плати трошоците на болно девојче од публиката (ВИДЕО)

Канадскиот рапер Дрејк го прекина концертот во Торонто за да испрати важна порака до обожавателите во публиката. Имено, за време на концертот, раперот забележал неколку знаци кои обожавателите ги држат во раце, па решил да им ги исполни желбите.

„Видов некој како држи знак на кој пишува „Плати ми ја таксата за училиште“. Нека ја најде некој таа личност. Еве што ќе направиме. Ќе ја платиме школската такса“, рече тој, покажувајќи ги фановите во публиката и додаде дека ќе најде уште пет луѓе на кои им треба помош при плаќањето на школарината.

„Го имате мојот збор“

„Второ, видов девојка со натпис „Штотуку дознав дека имам мултиплекс склероза. Ќе ми помогнеш?“, рече тој, а потоа објасни дека и неговиот пријател Ноа Шебиб (40) се бори со болеста и дека и тој се бори со оваа болест и дека ќе ги поврзе да разговараат.

„Ќе направам сè што е потребно за да ти ја пружам најдобрата помош на светот. Ти го имаш мојот збор“, и рекол раперот на девојката и додал дека таа може да дојде на неговиот концерт следната вечер.

Да потсетиме, 36-годишниот рапер неодамна објави дека по турнејата паузира од музиката за да се фокусира на своето здравје и дека најверојатно извесно време нема да се занимава со музика.

Поврзани вести

Бредли Купер во врска со поранешната девојка на Леонардо ди Каприо: Популарната манекенка и актерот фотографирани заедно (ФОТО)

Radmila Tasevska

Мерил Стрип за прв пат во јавноста по веста за разводот; венчалниот прстен се уште го носи…

Urednik

Кејт Мидлтон пристигна во Шкотска во очекуваната боја – кралско сина (ФОТО)

Urednik