Многумина се прашуваат која е тајната на витката линија на поранешната пејачка и успешна модна дизајнерка Викторија Бекам.
Викторија Бекам, која има 49 години, со децении ја одржува витката линија на која би ѝ позавиделе многу помлади девојки.
Многумина се прашуваа како изгледа менито на популарната дизајнерка, а нејзиниот сопруг, познатиот фудбалер Дејвид Бекам откри како се храни неговата сопруга.
Дејвид Бекам јавно проговори за тоа што ги интересира многу жени, како Викторија Бекам е секогаш згодна. Како што истакна фудбалерот, иако сака да експериментира во кујната, неговата сопруга ретко отстапува од своето мени.
„Кога станува збор за храната, ќе звучам прилично досадно. Што ми се допаѓа? Па, сакам тост од житарки со сол“, одговорила Викторија на прашањето што најмногу сака да јаде и додала дека тоа е ноќна мора за секој ресторан бидејќи е многу пребирлива, а списокот со намирници ѝ е прилично скромен.
Според извештаите, дизајнерката не јадела црвено месо и млечни производи од детството, а нејзиното мени вклучува варен зеленчук зачинет само со оцет.
Викторија раскажа дека се грижела за исхраната уште од времето кога настапувала со Spice Girls. Тогаш на турнеите низ светот посетувала бројни врвни ресторани, а Викторија се воздржувала од јаглехидрати и калорични јадења, а на тоа е верна и денес.