Кога се намалуваат температурите на термометарот во Соединетите Американски Држави, а особено во Тексас, чили гравот се јаде со мелено месо. Тоа е вкусно јадење на лажица инспирирано од мексиканското чили кон карне.
Оваа чорба од грав и мелено говедско месо се комбинира со густ сос од домати и лути пиперки. Најдобри резултати ќе добиете ако измешате неколку видови грав, но и свежи и суви феферони, пишува „Pun kufer“.
Доколку не сте љубител на зачинета храна, користете помалку лути пиперки и дефинитивно отстранете ги семките од нив.
Пожелно би било да се готви самостојно гравот, но доколку немате време за оваа кулинарска авантура, можете да користите и конзервиран грав.
Состојки за чили грав со мелено говедско месо:
800 мл доматно пире
800 гр домати на парчиња
750 гр варен грав (бел, кафеав, шарен)
500 мл говедска супа
450 гр мелено говедско месо
150 гр слатка пченка
3-4 чешниња лук
2-3 благи, малку лути или лути феферони
1 кромид
1 стапче цимет
1 лажица мајчина душица
1 лажица рузмарин
растително масло за пржење
сол и бибер по желба
Подготовка на чили грав со мелено говедско месо
Во големо тенџере загрејте малку масло и пропржете го исечканиот кромид додека да омекне. Ќе ви бидат потребни околу три минути.
Додадете го сечканиот лук и пржете сè заедно уште една минута.
Во тенџерето додадете го меленото месо и пржете го додека не порумени. Ќе ви требаат пет до десет минути.
Додадете го сварениот грав, слатката пченка и истурете сè заедно со пастата и парчињата домат и говедска супа.
Зачинете го гравот со сечкани чили пиперки, мајчина душица, рузмарин, сол и бибер. Додадете стапче цимет.
Кога течноста ќе зоврие, намалете ја температурата, поклопете го тенџерето и сè заедно варете најмалку половина час. Идеално, чилито треба да се готви до два часа за да се спојат вкусовите.
Извадете го циметот од тенџерето пред послужување. Послужете го чили-гравчето топло со парче домашен леб.
Добар апетит!