СТАНДАРД life
Храна

СОЛЕНИ МАФИНИ без глутен, масло и вишок калории: Пројa по рецепт на Новак Ѓоковиќ готовa за 15 минути

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ многу внимава што внесува во своето тело. Дури и кога не тренира, Новак се труди во чинијата да има здрава, но вкусна храна.

Затоа често избира солени мафини, кои се прават без бело брашно, па во нив нема ни трага од глутен. Кога ќе им се додадат здрави состојки како што е блитвата, тие стануваат вистинска суперхрана, токму она што му треба на тенисерот.

Доколку сакате и вие да ги пробате солените мафини по рецепт на Новак Ѓоковиќ, погледнете што ви е потребно:

Состојки:

* 2 јајца
* 1 чаша кисела вода
* половина чаша масло
* прашок за пециво
* 1 чаша пченкарно брашно
* чаша палента
* половина лажичка сол
* 200 гр блитва

Подготовка:

Изматете ги јајцата, па додајте ги другите состојки.

Само накратко обарете ја блитвата и исечете ја на ситни коцки.

Потоа сè убаво измешајте и истурете во калапи за мафини, па посипете со сусам или друго семе по желба.

Печете во рерна загреана на 220 степени околу 15 минути, а потоа оставете уште малку во рерната што сте ја исклучиле да заврши печењето.

На здравје!

Забелешка: Многу луѓе прашуваат дали прашокот за пециво е без глутен и одговорот е ДА. Се прави од сода бикарбона и лимонска киселина и затоа не содржи глутен.

Поврзани вести

Како да подготвите грчки саганаки?

Urednik

Карамел пита со јаболка

Radmila Tasevska

Предлог за вкусни и здрави енергетски бомбици

Radmila Tasevska