СТАНДАРД life
Шоубиз

📽 Сценарија за две епизоди на „Пријатели“ продадени за неверојатни 22.000 фунти

Две сценарија за култната серија „Пријатели“, пронајдени во ѓубре пред 25 години, се продадени на аукција во Обединетото Кралство.

Како што соопшти аукциската куќа Hanson Ross, сценаријата се продадени за 22.000 фунти, што е околу 25.500 евра.

Во прашање се две поврзани епизоди со наслов The One with Ross’s Wedding, а како што пишува Би-Би-Си, првичната проценка била дека сценаријата ќе се продаваат за 600 и 800 фунти. Оваа сума била прилично надмината, а пристигнале вкупно 219 понуди од различни делови на светот.

Купувачот е, како што се наведува, понудувач кој учествувал преку Интернет. Од аукциската куќа изјавија дека се „изненадени од таквиот глобален интерес за сценарија кои биле планирани да бидат уништени уште во 1998 година“.

Сценаријата тогаш случајно го пронашла поранешна вработена во лондонското Fountain Studios и ги чувала до сега.

Поврзани вести

📸 Селин Дион за борбата низ која минува: „Нема да дозволам болеста да ме дефинира“

Radmila Tasevska

Бред Пит ја откри својата омилена актерка: „Таа е најубавата жена на екранот“ (ФОТО)

Radmila Tasevska

Меган Маркл повеќе не носи веренички прстен: Принцот Вилијам е вклучен во се

Radmila Tasevska