СТАНДАРД life
Шоубиз

Бритни Спирс целосно гола го прослави историскиот успех на својата книга (ФОТО)

Бритни Спирс со објава на Инстаграм го прослави успехот на долгоочекуваните мемоари The Woman In Me. 41-годишната пејачка позираше целосно гола со задниот дел свртен кон камерата на непозната плажа додека ги покрива градите со рацете.

Книгата, која излезе во вторник, веќе е број еден на листите на бестселери на Амазон и Барнс и Нобл. Бритни им се заблагодари на своите фанови за поддршката книгата да стане бестселер во објавата на Инстаграм која во меѓувреме е избришана.

„Се случува!!! Мојата книга е најпродаваните мемоари на познати личности во историјата и тоа е само првиот ден!!!“, напиша Спирс. „Благодарам на фановите кои ми дадоа толку поддршка!!! Ве сакам сите!“, додала таа, пренесува Дејли Меил.

Да потсетиме, Бритни во книгата откри работи од својот живот кои до неодамна никој не ги знаеше – од бурната врска со Колин Фарел до абортусот додека беше во врска со Џастин Тимберлејк. Бритни беше поискрена од кога било во овие мемоари.

Поврзани вести

Ен Хатавеј: „Ми велат дека изгледам добро за моите години, но воопшто не размислувам за тоа“

Urednik

🎥Мини Драјвер: Мет Дејмон ми раскина пред Оскарите и дојде со друга девојка

Urednik

Ким Кардашијан се огласи во врска со војната во Израел (ФОТО)

Radmila Tasevska