СТАНДАРД life
Шоубиз

Софија Вергара го покажа гардероберот, вниманието го украде коментарот на колегата од „Модерното семејство“ (ФОТО)

Актерката Софија Вергара ги воодушеви следбениците на Инстаграм кога објави фотографии од нејзиниот огромен плакар кој зафаќа цела соба. Во тој плакар има се – од чевли, луксузни чанти, облека на црвениот тепих до лежерни модни комбинации.

На големата маса во средината на собата има фотографии од Софија од младоста, а една од нив ја ставила и на ѕидот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Гости на Софија беа Џули Бовен и Џеси Тајлер Фергусон, колеги од серијата „Модерно семејство“, како и сопругот на Фергусон, Џастин Микита. „Попладне со моите омилени луѓе на светот, вратете се поскоро, ќе ми недостигате“, напишала Софија.

Друштвото се забавуваше и се фотографираше во плакарот, а Џастин позираше и со еден куп штикли на Софија. Колегата од серијата коментираше на објавата.

„Барем еднаш уживав што бев во плакарот“, напиша Џеси под објавата на Софија, а неговиот коментар им се допадна на повеќе од 28.000 луѓе.

Поврзани вести

(Видео) Данијела Димитровска се омажи! Поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ кажа „да“ во црква, ова е нејзиниот сопруг 

Urednik

Меган Маркл и принцот Хари се разочарани што не беа номинирани за Еми наградите

Radmila Tasevska

Кање Вест и забрани на девојката социјални мрежи

Radmila Tasevska