СТАНДАРД life
Шоубиз

Џулија Робертс откри зошто никогаш не се согласила да се соблече пред камерите

Џулија Робертс позираше за новото издание на британскиот Вог. По тој повод, во интервјуто кое му го дала на сценаристот Ричард Кертис, многу зборувала и за својата кариера.

56-годишната актерка меѓу другото откри зошто не ја снимила филмската сцена во која се разголи. Џулија не се соблече пред камерите ниту за улогата на проститутка во Pretty Woman.

„Знаете, никогаш не треба да ги критикувате туѓите избори. Решив да не се соблечам на филм“, рече актерката, додавајќи дека сака да им помогне на другите жени кои се чувствуваат под притисок и мислат дека мора да се соблечат пред на камерите.

На прашањето дали некогаш би размислувала да направи гола сцена во филм, актерката рече: „Знаеш дека тоа не е она што јас го правам, па ако сакаш да ме прашаш да направам нешто такво, мора да биде ублажено. Јас, како мајка на три деца, така се чувствувам“.

Во интервјуто, Робертс, исто така, призна дека за малку ќе се откажала од снимањето на „Нотинг Хил“ во 1999 година.

„Бев толку засрамена. Мислам, разговаравме за ова толку многу пати, но речиси и да не учествував бидејќи беше – едноставно многу непријатно. Не ни знаев како да ја глумам таа личност“, изјавила Џулија која во филмот го отелотвори ликот на Ана Скот.

Таа се присети и дека имала проблеми со костимите што требало да ги носи во филмот и на крајот испратила возач да земе облека од нејзиниот плакар.

Инаку, Џулија е во брак со снимателот Дени Модер од 2002 година. Парот ги доби близнаците Хејзел и Финеус во 2004 година, а синот Хенри три години подоцна.

Џулија Робертс откри каков совет би ѝ дала на својата помлада верзија

Поврзани вести

Мадона го прослави 65-тиот роденден

Radmila Tasevska

Одложена премиерата на вториот дел на Dune

Urednik

Мадона ги собори сите рекорди: Билети за концертот на кралицата на поп музиката можат да си дозволат само најбогатите

Radmila Tasevska