СТАНДАРД life
Стил

📸Заносната Софија Вергара направи моден пресврт каков што не очекувавме, а изгледа сензационално

Ѕвездата од „Модерно семејство“ се враќа на малите екрани како Гризелда Бланко, колумбиска шверцерка на дрога, која многумина ја нарекуваат „Кралица на кокаинот“. Серијата „Гризелда“ својата премиера ќе ја има на 25 јануари на „Нетфликс“, а колумбиската ѕвезда деновиве ревносно ја промовира низ цела Европа.

По Мадрид стигна и до Лондон, на чии улици пленеше со елеганција во црн фустан со авангардни детали истакнати на ракавот.

Софија Вергара
Софија Вергара

Токму тие открија дека тоа е дело на модната куќа Скиапарели предводена од американскиот дизајнер Даниел Роузбери, а истото го откри и самата Вергара на својот Инстаграм профил.

Спектакуларниот фустан на едно рамо го искомбинирала со висечки златни обетки и ги заокружила омилените чевли на платформа, од кои ретко се соблекува.

Софија Вергара објави фотографија од луксузен хотел, па покажа како изгледа без шминка (ФОТО)

Поврзани вести

📸Во ласкав фустан инспириран од 80-тите: Прекрасната Моника Белучи предизвика возбуда на гала вечерата

Radmila Tasevska

📸Смеење до солзи: Ева Лонгорија се присети на своите модни неуспеси

Urednik

📷Бред Пит прослави 60-ти роденден, а со својот стајлинг ги шокираше луѓето

Urednik