СТАНДАРД life
Шоубиз

🎥Решена драмата: Наводниот развод на славниот пар крена бура на социјалните мрежи

Во позадина на штрајкот на актерите во Холивуд, некои се пожалија дека овогодинешната филмска конкуренција не била толку силна и опасна. Со водечките на листата „Барби“ и „Опенхајмер“ имаше и други достојни филмови, но се чини дека не недостигаше вистинска животна драма.

Покрај онаа околу Селена Гомез и Тимоти Шаламет, прашина се крена и околу Емили Блант и Џон Красински!

Актерката беше снимена како разговара со својот сопруг по пристигнувањето на церемонијата, а видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи.

Иако нивните лица се насмеани, метежот го започна Џон Красински и неговото мрморење кое корисниците го протолкуваа како: „Едвај го чекам разводот“.

Актерската двојка не е позната по никакви драми и несогласувања, но тие живеат прилично мирен живот со оглед на нивната популарност. Тие се запознале во 2008 година, а две години подоцна се венчале.

Иако Красински претходно мислел дека не е тип за сериозни врски, откако запознал Британка со остра смисла за хумор, се предомислил.

@cbs Date night? #EmilyBlunt #JohnKrasinski #GoldenGlobes ♬ original sound – CBS

На оваа драма и пристапиле со хумор, па наводно се смеат на гласините за нивниот развод.

„Нема проблем со Емили и Џон. Тие апсолутно не зборуваат за развод. Тие мислат дека гласините се смешни“, цитира PageSix извор близок до парот.

Двајцата наводно коментирале дека фотографи ги чекале на друга локација за фотографирање, а во текот на вечерта покажале одлично расположение што ги демантира гласините за развод.

Поврзани вести

Џими Кимел повторно ќе ги води „Оскарите“

Urednik

Филмот на Тејлор Свифт, „Ерас“ номиниран за „Златен глобус“

Radmila Tasevska

ТАА БЕШЕ ТИВКО СТРАДАЊЕ НА СЕКОЈ МАЖ: Памела Андерсон се појави без трошка шминка на настанот и ги инспирираше сите жени!

Radmila Tasevska