СТАНДАРД life
Балкан микс

🎙ЦЕЦА ПЕЕ ЗА ФИЛМОТ „НЕДЕЉА“: Пејачката објави дел од нова песна и испрати емотивна порака

Цеца Ражнатовиќ направи хаос на социјалните мрежи кога објави фрагмент од новата песна што ја отпеа за потребите на филмот за животот на легендарниот Џеј Рамадановски.

Насловната песна за филмот „Недеља“ ја отпеа фолк дивата, која на својот Инстаграм профил објави дел од песната со кадри од филмот.

Во продолжение Цеца им посвети емотивна порака на покојните пријатели и колеги Марина Туцаковиќ и Џеј Рамадановски.

– „Сега дозволете ми да ви покажам љубов…“ Знам дека сте нетрпеливи и не сакам да чекате долго. Одбројуваме… Симболично „За крај“ за нашиот Џеј и нашата Марина. Фута и јас… – напишала накратко Цеца.

Овој клип од песната кој Цеца го објави за само еден час е прегледан повеќе од 275.000 пати, што само покажува колку долго чекаа нејзините обожаватели да сними нешто ново.

Поврзани вести

ВЕЧНА ДЕВОЈКА Летно „зелено“ издание на Сања Долежал: Следбениците и велат дека засекогаш ќе остане млада

Urednik

📸 Јелена Розга во врска со синот на Тончи Хуљиќ? Фатени заедно во шопинг

Radmila Tasevska

Ѓоковиќ заработува милиони, а вечера за 16 евра

Urednik