СТАНДАРД life
Шоубиз

Гимнастичарка откри колку заработува од една објава на Инстаграм, ЌЕ СЕ ШОКИРАТЕ

На СИТЕ веќе им е јасно дека луѓето со милиони следбеници можат многу да заработат и да живеат само од спонзорирани договори. Инфлуенсерката и гимнастичарка Оливија Дан откри колку најмногу пари некогаш заработила од спонзорирана објава на социјалните мрежи.

Оливија е американска гимнастичарка и еднаш беше во националниот тим. Таа моментално е член на гимнастичкиот тим LSU Tigers на Државниот универзитет во Луизијана. Воедно, таа е и инфлуенсер и на социјалните мрежи објавува како изгледа нејзиниот живот.

До неодамна, на членовите на универзитетските атлетски тимови не им беше дозволено да заработуваат врз основа на спонзорирани објави. Не им беше дозволено да примаат комерцијални плаќања и таквите соработки можеа да им донесат суспензии и санкции од универзитетот, но тоа правило се промени во јули 2021 година.

Оливија моментално има речиси осум милиони следбеници на TikTok и над четири милиони на Instagram. Според податоците со кои располагаат странските медиуми, таа само од спонзорски огласи заработила 3,4 милиони долари. Минатата недела таа беше гостинка на Full Send подкастот и беше прашана колку заработува од една спонзорирана објава на Инстаграм.

„Вообичаено не зборувам за пари, но… би рекла шест цифри“, одговори таа. На прашањето дали нејзината заработка е под 500.000 долари, Оливија одговорила не, што значи дека заработува повеќе од половина милион долари по објава (се разбира, не секоја објава, зависи од спонзорот).

„Да, јас сум многу среќна. Тоа е едноставно лудо за мене”, рече таа. Таа навести дека во иднина, кога ќе го напушти универзитетот, би можела да биде исклучиво инфлуенсер, но се уште не донела конечна одлука.

Во една прилика изјавила дека сака да им покаже на младите девојки дека не мора да се занимаваат исклучиво со една работа.

„Можете да бидете страсни за музиката, уметноста. Не треба да избирате. Можете да направите сè и да бидете успешни. Мислам дека треба да поставите свои очекувања за успех и да имате големи соништа”, рече таа.

Поврзани вести

📷Бен Афлек на Божиќен шопинг со својата, но и со ќерката на Џенифер Лопез

Urednik

Со оваа девојка Метју Пери го имал последниот состанок: „Неговата смрт ме опустоши“ (ФОТО)

Radmila Tasevska

Зои Кравиц и Ченинг Тејтум се верија по две години врска

Urednik