СТАНДАРД life
Секс и врски

Може ли самозадоволувањето да го замени сексот?

Со векови мастурбацијата била осудувана од луѓето и црквата, сметана за ракоблудство или онанизам. Во почетокот на психолошки истражувања лекарите ја опишувале како вид психичко отстапување, кое било неприфатливо.

Денес сепак работите стојат радикално различно и сексолозите тврдат дека да се мастурбира нема ништо погрешно или неприродно, а дури обратно. Мастурбирање за време на пубертетот се смета за апсолутно нормална појава. Во зрелоста пак ја одржува сексуалната функција и ги распалува фантазиите.

Некако постојано ни притискале со информации за придобивките од самозадоволувањето. Што се случува, сепак ако немаме човек до себе? Во 21-от век луѓето стануваат се повеќе осамени, потонати во социјалните мрежи, кои тгоа го прават од двете страни на екранот и тоа е многу лесно

Порното сепак е насекаде и е апсолутно прифатливо.

Но колку човекот знае точно како да земе задоволството, може ли да се менува неговата желба за вистинско дружење? Ако вие се чувствувате дека секојдневно се самозадоволувате, ја губите ли желба за секс со партнер, или едноставно долго време сте сам / a, но не барате начин да си најдат партнер/ка, тогаш најверојатно имате проблем со комуникацијата и треба да побарате помош. Исто така е сигурно дека секојдневното самозадоволување (по неколку пати дневно) заслужува медицински надзор бидејќи обично, со тој интензитет доведува до некој вид психичко заболување или нарушување.

Иако мастурбирањето е корисно и секогаш завршува со оргазам, вашето тело многу добро знае дека ова е само дел од „лакомството“.

При љубовните милувања се лачат голем број хормони кои не прават посреќни, повеќе младолики, помирни и избалансирани. Сето ова на куп значи здрави.

Сексот влијае добро врз нашата физиката, што е особено важно за жените. Со 30 минути во креветот гимнастика се согоруваат толку калории како и на вежбање со справи и велосипеди. И не на последно место – една од главните причини поради кои луѓето имаат потреба од секс, е дека тој ја подобрува нивната самодоверба. Со други зборови, ако го нема, се чувствувате потиснати, не си се допаѓа, особено што доведува до несигурност, намален тонус и дури депресии. Ако сексот е со сакан партнер и е она што и двајцата го сакаат, резултатот е непоколеблива самодоверба! Сето ова нè доведува до заклучокот дека мастурбирањето, колку и да е удобно и корисно, не може да го замени сексот. А и не треба!

Поврзани вести

Како да се зачува бракот? Дознајте 5 тајни на долготрајна љубов

Radmila Tasevska

Живот без секс: Еве што им прави на мажите, а што на жените

Urednik

Може ли врската да функционира ако мажот заработува помалку од жената?

Urednik