Во потрага по совршеното слатко задоволство кое ќе ве собори од нозе, ви претставуваме рецепт за чурос со неодоливо кафе и чоколаден прелив.
Состојки:
* 40 гр путер
* прстофат сол
* 150 гр брашно
* две јајца
* 150 мл вода
* две лажици шеќер
* кора од лимон
* 200 мл масло
За сосот:
* 200 гр чоколадо
* половина лажица инстант кафе
* 100 мл слатка павлака
Потребно уште:
* 100 гр кристален шеќер
* една лажичка цимет
Подготовка:
Во тенџере загрејте ја водата додека не зоврие, намалете ја температурата, а потоа измешајте ги шеќерот, путерот, солта и ренданата кора од лимон.
Кога путерот ќе се растопи, тргнете го од оган и додадете го брашното и мешајте две-три минути. Потоа додадете едно по едно јајце и матете со миксер. Префрлете ја смесата во кеса за пециво.
Во длабока тава загрејте го маслото, исцедете ги чуросите со саканата големина и пржете ги додека не добијат златна боја.
Извадете ги на хартија за да се исцеди вишокот масло, па валкајте ги во мешавина од шеќер и цимет.
Загрејте ја слатката павлака со кафето, додадете ја искршената чоколада и мешајте додека да се растопи. Послужете со чурос.
На здравје!