СТАНДАРД life
Храна

Вкусовите на Азија: Направете супа со зеленчук и кинески тестенини

Азиските супи се полни со вкусови и зачини и лесно можат да бидат оброк сами по себе ако ви се јаде нешто од лажица, што нема да ви биде премногу тежок за стомакот.

Состојки:

* 1,8 л. висококвалитетна супа од зеленчук
* 5 см. свеж рендан ѓумбир
* 1 црвена чили пиперка
* 6 парчиња сечкан млад кромид
* 1,5 лажички кинеска смеса од 5 зачини
* 1 лажица шеќер
* 1 лажица сладок чили сос
* 1 лажица соја сос
* 150 гр шитаке печурки
* 50 гр. кинески тестенини за супа од јајца
* 1 пакување чои
* сок од ½ лимета
* китка коријандер

Подготовка:

Истурете ја супата во поголемо тенџере и оставете ја да зоврие.

Додадете ѓумбир, чили, кромид, мешавина од кинески зачини, шеќер, сладок чили сос и соја сос и намалете ја топлината и оставете да се вари околу 5 минути.

Додадете ги печурките и тестенините и оставете да се варат уште 3-4 минути, додека не се сварат тестенините.

Измешајте го сокот од пакувањето чои и лиметата, вкусете и додајте сол и други зачини по вкус.

Оставете да се вари уште 2 минути.

Послужете во чинии, посипете ги со сечкан коријандер. Коријандерот можете да го замените со магдонос.

На здравје!

Крем супа со пченка

 

Поврзани вести

Смути од мандарина

Urednik

Брзи јогурт кнедли: Идеална летна ужина!

Urednik

Како да изберете сочна диња?

Radmila Tasevska