СТАНДАРД life
Храна

Рецепт за чоколаден тост леб

Овој деликатес е идеален за појадок, но и за вечера. Чоколадниот леб најмногу ќе ги воодушеви најмалите, а најдобро од се е што подготовката е исклучително едноставна и брза.

Состојки:

* 30 гр какао
* 60 мл топла вода
* 5 големи јајца
* 180 мл слатка павлака
* 240 мл млеко
* 50 гр шеќер
* 1 лажичка екстракт од ванила
* 1/4 лажичка сол
* 300 гр темно чоколадо

Подготовка:

Растопете го какаото во топла вода, измешајте и оставете го на страна.

Во плиток сад изматете ги јајцата, додајте павлака, млеко, шеќер, екстракт од ванила и сол. Промешајте, па истурете ја смесата со какаото и водата.

Растопете мало парче путер во тава на средна топлина. Во подготвената смеса потопете две кришки леб, а потоа ставете ги на загреана тава. Печете 2-3 минути, па свртете.

На едното парче ставете сечкана темна чоколада и почекајте 1-2 минути да се стопи, а потоа покријте ја со уште едно парче и направете сладок чоколаден сендвич.

На здравје!

Рецепт за француски тост

Поврзани вести

Зошто во зима треба да чувате сол покрај прозорецот? Ќе се ослободите од големи маки

Urednik

Рецепт за фалафел: Мирисот и вкусот на Блискиот Исток во вашиот дом

Urednik

Поховани палачинки

Urednik