СТАНДАРД life
Храна

Рецепт за ПАЛАЧИНКИ на славен ФРАНЦУСКИ ГОТВАЧ кој мора да го пробате

Палачинките се омилениот деликатес на повеќето луѓе уште од детството, а сигурно секоја домаќинка има свој докажан рецепт како да ги направи совршено вкусни.

Сепак, зошто да не го пробате оној на познатиот готвач, Французинот Пјер Ерме, кој според мислењето на многумина е несомнено најдобриот слаткар на светот и кој ги прави најубавите палачинки, а „финтата“ е во тоа што прво го загрева млекото и дури потоа ги додава сите состојки.

Така подобро се врзуваат, а тестото е меко и воздушно.

Состојки:

* 200 гр брашно
* 50 гр шеќер
* 500 мл млеко
* 1 мешунка од ванила
* 5 јајца
* Кора од четвртина лимон
* Кора од портокал
* 10 мл рум
* 100 гр путер

Подготовка:

Загрејте го млекото да зоврие и додадете го изгребаното мешунче од ванила и оставете го настрана 30 минути за млекото да се ароматизира. Кога млекото ќе се олади, процедете го. Во меѓувреме растопете го путерот и оставете го да се излади. Ситно изрендајте кора од лимон и портокал и додадете шеќер во нив.

Во сад просејте го брашното, додадете шеќер и направете дупка во која ќе ги додадете јајцата кои претходно сте ги изматиле со млекото. Со жица за матење измешајте ги течните и сувите состојки додека не добиете изедначена смеса.

Кога ќе добиете изедначена смеса, додадете го растопениот путер и румот и оставете да отстои најмалку четири часа. Загрејте ја тавата и почнете да ги готвите палачинките. Не ги вртете пред целосно да се испечат на дното.

Послужете ги со домашен џем, растопена чоколада, сезонско овошје или јаткасти плодови и послужете ги веднаш додека се топли.

На здравје!

Поврзани вести

Оригинален рецепт за помфрит со сланина

Urednik

Рецепт за нугат торта од вашите соништа

Urednik

Рецепт за пилешка чорба

Urednik