СТАНДАРД life
Шоубиз

РИКИ МАРТИН СЕ РАЗВЕДУВА ОД СОПРУГОТ: Кој ќе ги добие децата?

Рики Мартин и Џван Јозеф решија да се разведат по 6 години брак и по тој повод заедно го објавија следново:

„Решивме да ставиме крај на нашиот брак со љубов, почит и достоинство, почитувајќи го она што го доживеавме како пар сите овие години. Нашата најголема желба сега е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и врска насочена кон мир и пријателство за да продолжиме да ги воспитуваме нашите деца заедно, зачувувајќи ја почитта и љубовта еден кон друг“.

Двојката ја има ќерката Лусија (2018) и синот Рено (2019), додека Мартин претходно имаше двајца близнаци Матео и Валентино, кои беа посвоени од неговиот тогашен партнер Џван.

Рики Мартин (51) и Џозеф (38) почнаа да се забавуваат во 2015 година, ја објавија својата романса во 2016 година, а се венчаа две години подоцна.

Пејачот тогаш изјави: „Сега и официјално сум сопруг! Разменивме завети, се заколнавме сè, потпишавме документи, предбрачни договори и сè”.

Двојката ги научила своите деца да бидат отворени за се, а најмногу се фокусирале на тоа што децата знаеле неколку јазици: освен англиски, децата знаат и француски, арапски и шведски, пренесува People.

Поврзани вести

Шерон Стоун не била првиот избор за улогата во „Ниски страсти“: „Мајкл Даглас не сакаше ни да тестира снима со мене“

Urednik

Расел Бренд ги моли фановите за пари: „Претворете ја моралната поддршка во финансиска поддршка“

Urednik

Никол Кидман и Антонио Бандерас глумат во новиот еротски трилер

Urednik