СТАНДАРД life
Шоубиз

Адам Сендлер собори рекорд со филмот кој моментално е најгледан на „Нетфликс“

ОТКАКО стекна репутација на омразен актер меѓу критичарите, Адам Сендлер со нов филм докажа дека не е за фрлање.

Филмот „You Are Not Invited to My Bat Mitzvah“ на „Нетфликс“, кој е адаптација на истоимениот роман на Фиона Розенблум од 2005 година за полнолетство, го собори рекордот во кариерата на Сендлер со речиси совршена оценка на Tomatometer.

Филмот ги следи Стејси Фридман и нејзината најдобра пријателка Лидија Кац додека поминуваат низ подемите и падовите на тинејџерските години. Ќерката на Сендлер, Сани ја толкуваше главната актерка Стејси, додека во филмот се појавуваат и неговата постара ќерка Сејди и сопругата Џеки.

Филмот доби 96% од критичарите на Rotten Tomatoes, што го прави најдобро рецензираниот филм на Адам Сендлер.

„Филмовите на Адам Сендлер отсекогаш биле хит, но тој се надмина себеси со овој“, „Ми се допаѓа што целото негово семејство е во филмот“, „Култен лик“, се дел од коментарите на „Твитер“.

Поврзани вести

Дилета Леота покажа како изгледа во деветиот месец од бременоста: „Плус десет килограми“

Urednik

Легендарниот режисер откри зошто никогаш не ги гледа своите филмови во јавност

Radmila Tasevska

Пике и Клара Чиа го започнаа заедничкиот живот во куќата во која живеел со Шакира

Urednik