СТАНДАРД life
Балкан микс

Нина Бадриќ откри што искрено мисли за Пријовиќ и нејзиниот успех во Хрватска

Нина Бадриќ е една од ретките хрватски пејачки кои јавно ја поддржаа србинката Александра Пријовиќ и тоа што распродаде пет арени во Загреб.

После тоа, Пријовиќ на социјалните мрежи објави видео од својот прв јавен настап. Таа тогаш била уште мало девојче и испеала токму еден од најголемите хитови на Нина Бадриќ, кој слатко ја насмеа.

„Го видов видеото. Александра првпат ја видов во „Ѕвезде Гранда“, некој ми испрати видео како ја пее „Волшебно утро“ кога всушност и обрнав внимание. Капа долу за работата што ја работи! Ова е навистина рекорд. Не знам дали некој некогаш ќе направи вакво нешто, а секако никој пред неа. На тоа треба да кажете – секоја чест за се што прави. Мене лично ми е драга, симпатична, фина и мислам дека пред неа е голема приказна. Самата таа веројатно е во шок поради се, но се радувам кога ќе видам какви работи прави“, рекла Нина, пишува „Блиц“.

Поврзани вести

Немања Гудељ со еден гест ги воодушеви сите: Анастасија покажа како сопругот ја изненади на необичен начин (ФОТО)

Radmila Tasevska

Марија Шерифовиќ го прекина новогодишниот концерт, публиката фрлаше петарди околу бината

Urednik

Ќерката на Аница Добра заврши во Ургентнo: Пристигнала во сериозна состојба, задржана на интензивна нега

Urednik