СТАНДАРД life
Шоубиз

Исполнета желбата на обожавателите: Machine Gun Kelly го смени името

Machine Gun Kelly ги послуша барањата на обожавателите и го смени своето име. Американскиот рапер, чие вистинско име е Колсон Бејкер, решил да го направи ова откако на еден од неговите настапи видел транспаренти на кои пишувало „смени го името“, пишува Cosmopolitan.

Раперот неодамна се појави на забавата за GQ за „Men of the Year“, каде ги праша новинарите дали можат да го наречат со неговото ново име, а тој тоа го објави на социјалните мрежи, па се чини дека работата е официјална.

Обожавателите кои испечатија транспаренти на споменатиот концерт му рекоа: „Сакаме да го смениш името. Сакаме да го отфрлиш „Machine Gun“ за да не го величаш оружјето. Само отфрли го „Machine Gun“.

Раперот потоа ги прашал присутните што мислат за промената на името, а тие извикале во знак на одобрување, па тој решил сега само да се нарекува „Machine“.

Поврзани вести

Хенри Кавил сериозно повреден за време на снимањето на „Хајлендер“

Urednik

ФОТО: Џорџина Родригез позираше на насловната страница на „Vogue“, се шпекулира дека заработила дури 120.000 евра

Radmila Tasevska

📷Тејлор Свифт го помина Божиќ на НФЛ натпревар

Urednik