СТАНДАРД life
Шоубиз

Парис Хилтон го чека своето второ дете, ќе го именува по нејзиниот омилен град

ПАРИС Хилтон (42) го прослави американскиот Ден на благодарноста со своето семејство и сподели среќна вест на Инстаграм. Имено, таа и нејзиниот сопруг Картер Реум го очекуваат своето второ дете.

„Благодарна за моето девојче“, напиша Парис откако го откри полот на бебето и го сподели името што ќе и го дадат – Лондон. Парис и Картер го добија своето прво дете, синот Феникс, во февруари оваа година преку сурогат мајка. Претходно Хилтон изјави дека сакаат да имаат девојче и дека таа одамна се одлучила за името.

„Девојчето ќе се вика Лондон Мерилин Хилтон Реум. Мерилин е по баба ми и Лондон затоа што ми е омилен град, мислам дека Парис и Лондон ќе звучат слатко заедно“, рече таа во шоуто на Елен Деџенерис.

Парис и Картер се венчаа во ноември 2021 година. Тие беа пријатели 15 години пред да започнат врска во 2019 година, а само три месеци подоцна се верија.

Поврзани вести

📽 Машин Ган Кели со емотивна порака за спонтаниот абортус на Меган Фокс

Radmila Tasevska

Ѕвездата на хит серијата „Луди седумдесетти“ осудена на доживотен затвор

Urednik

Започнува судењето на Шакира

Radmila Tasevska