СТАНДАРД life
Здравје

Оваа храна е еликсир на здравјето: го штити срцето, црниот дроб и штити од рак

Високо хранлива, карфиолот е полн со антиоксиданси, имено кверцетин, фитохемикалија која има антиоксидантно дејство. Оваа храна помага во борбата против хроничните болести, а е и одличен извор на фолна киселина, влакна, витамини Ц и К.

Храната, која нутриционистите ја нарекуваат „белата кралица на здравјето“, треба да ја вклучиме во секојдневната исхрана бидејќи е исклучително корисна и здрава. Карфиолот е богат со витамини, минерали, вредни антиоксиданси и други важни фитохемикалии.

Бројни студии покажаа дека постои силна врска помеѓу исхраната и ризикот од развој на рак, а зеленчукот како карфиолот е особено корисен во превенцијата од рак на дојка, дебелото црево, црниот дроб, белите дробови и желудникот. Карфиолот има хемопревентивни агенси кои ги запираат раните фази на развој на рак.

Воспалението е во центарот на речиси сите хронични болести со кои често се соочуваме денес, а карфиолот – богат со антиоксиданси и антиинфламаторни соединенија – го намалува оксидативниот стрес и присуството на слободни радикали во нашето тело, помага во намалување на воспалението, зајакнување на имунитетот и заштита против бактерии, инфекции и вирусни настинки, покажа релативно неодамнешното истражување на Одделот за наука на Универзитетот во Базиликата во Италија.

Исто така, истражувачите сега знаат дека високите нивоа на воспаление се поврзани со зголемен ризик за многу хронични болести како што се срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и невродегенеративни нарушувања како што се Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест. Антивоспалителните способности на карфиолот помагаат во одржување на крвните садови без наслаги, намалувајќи го ризикот од развој на висок крвен притисок и висок холестерол – две сериозни состојби кои можат да доведат до дополнително воспаление, алергии, автоимуни реакции, срцеви напади и мозочни удари. Се покажа дека сулфорафанот од карфиолот ги штити ранливите ретинални ткива од оксидативен стрес, што може да го зголеми ризикот од развој на слепило, катаракта и макуларна дегенерација

Поврзани вести

Ако не можете да живеете без чоколадо, изберете го ова

Radmila Tasevska

Дали знаете зошто не треба да пиете кафе кога сте мамурни?

Radmila Tasevska

Напиток од само три состојки како инстант решение за болно грло

Radmila Tasevska