СТАНДАРД life
Секс и врски

Гласно и јасно: Шест знаци дека вашиот сексуален живот не функционира

Важно е да ги препознаете суптилните знаци кои укажуваат дека вашиот сексуален живот не е добар, за што поскоро да најдете решение.

Знаци дека вашиот сексуален живот е во криза:

Истата личност иницира секс: Чест симптом дека нешто не е во ред со сексуалниот живот на двојката е кога едно лице секогаш иницира сексуални односи и се чувствува непожелно.

„Повеќето луѓе сакаат нивните партнери да иницираат секс подеднакво, ова им дава впечаток дека нивниот партнер сè уште ги сака“, вели д-р Џес О’Рајли. Ако едниот партнер секогаш иницира секс, обидете се да разговарате и да го кажете проблемот гласно и јасно, како што би сакале да го избалансирате.

Не сте кажале што сакате: Сигурно знаете дека никој не може да чита туѓи мисли, а сите сме различни. Тешко е вашиот партнер да знае што сакате, тврди Џес. Ако не сте зборувале за она што го сакате, веројатно не го добивате. Ако ве плаши помислата да ги критикувате вештините за водење љубов на вашиот партнер, запомнете дека е клучно како ќе му пристапите. Откако ќе ги кажете вашите желби, сигурно ќе забележите голема разлика во сексот, пишува „Вечерњи“

Секогаш го правите истото: штом паровите ќе сфатат што им одговара, тие често се држат до тоа. Поради оваа причина, страста и тенденцијата за експериментирање со нови работи исчезнуваат. Сепак, „повторувањето може да го намали задоволството. Истражувањата покажуваат дека допаминот може да биде двојно повисок кога работите се непредвидливи“, додава Џес. Бидете отворени за нови пози, секс играчки и експериментирање под покривката. Така ќе научите попатно што ви одговара.

Не зборувајте после секс: Сексот треба да ги зближи партнерите. Ако после водење љубов се чувствувате „оддалечено“ од партнерот, а во собата владее тишина – можеби не сте отворени еден кон друг, објаснува секс терапевтот Мариса Нелсон. Обидете се да започнете разговор. Ако се чувствувате блокирано, бидете искрени со партнерот и не се чувствувајте како да морате да го криете тоа.

Сакате различни работи: на пример, една личност сака страст и ослободување од стресот, додека друга ја гледа поентата на сексот во емоционалната интимност и поврзаност.

„Кога тоа ќе се случи, едно лице може да се чувствува лошо и незадоволно откако долго време не го добива она што сака да го почувствува за време на водење љубов“, вели Нелсон.

За се е „виновна“ една личност: За да имаат здрав сексуален живот и двајцата во врска мора да чувствуваат дека одговорноста е споделена. Ако не можете да достигнете кулминација, ако чувствувате болка или не сте задоволни – тоа е проблем на двајцата. Симптом дека нешто не е во ред е кога вината почнува да се префрла само на едната страна. Важно е да ја препознаете ситуацијата и да се запрашате на што можете да работите заедно. Дијалогот е исклучително важен дел од сексуалното искуство.

Секс во брак: 7 идеи како да ги зачините работите во спалната соба

Поврзани вести

Зошто мажите се вртат кон други жени? Експерт за врски дава одговор кој ќе ве изненади

Radmila Tasevska

Како да ги свртите момчињата околу малиот прст?

Urednik

Кои сексуални односи треба строго да се избегнуваат?

Urednik