СТАНДАРД life
Храна

Посен ролат од спанаќ

Денес речиси секоја масна храна има своја посна замена, па можете да направите некои од најубавите јадења.

Денеска ви пренесуваме рецепт за солен ролат со спанаќ и туна, а неговата подготовка никогаш не била полесна.

Состојки:

* 150 гр брашно
* 1 лажичка сол
* 1 лажичка прашок за пециво
* 200 гр спанаќ
* 200 мл кисела вода
* 2 лажици масло
* конзерва туна (можеби пиперка)
* посен мајонез (може и посно крем сирење)

Подготовка:

Гответе го спанаќот и процедете го. Оставете да се излади.

Во сад измешајте ги брашното, солта и прашокот за печиво, па измешајте. Додадете го сечканиот спанаќ, соединете, па постепено прелијте со кисела вода. На крајот додадете го маслото, измешајте, па истурете ја смесата во тавче, кое малку сте го подмачкале и обложиле со хартија за печење.

Наредете и печете во загреана рерна на 200°C околу 10 минути.

Свиткајте сè со хартија и покријте го со влажна крпа. Оставете да се излади. Потоа внимателно одвиткајте и намачкајте посен мајонез (крем сирење), а потоа наредете ја туната. Свиткајте, па покријте со влажна крпа и оставете го ролатот да се стегне во фрижидер најмалку три часа.

На здравје!

Поврзани вести

Печено пилешко на селски начин

Radmila Tasevska

Салата со рукола, круши и сино сирење

Radmila Tasevska

Печени ќофтиња: Одличен ручек за денот по Божиќ

Urednik