СТАНДАРД life
Здравје

4 симптоми кои укажуваат дека имате сериозен здравствен проблем

Глаукомот е група на промени на очите кои го оштетуваат оптичкиот нерв. Промените често се поврзуваат со зголемен очен притисок. Неопходна е редовна проверка на очниот притисок бидејќи зголемениот очен притисок се пренесува на сите делови на окото. Притоа, го оштетува оптичкиот нерв, што доведува до постепено губење на периферниот вид. Ако не се лекува, може да доведе до слепило.

Исто така, глаукомот не познава старосни граници и секој може да го има. Иако глаукомот е почест по 40-тата година од животот.

Разликуваме помеѓу глауком со отворен и затворен агол. Глаукомот со отворен агол е резултат на нерамнотежа во производството и дренажата на водениот хумор.

Глаукомот со затворен агол најчесто се јавува како резултат на блокирање на одливот на воден хумор (високовидост, вродени малформации на аголот на окото итн.)

Потребно е посебно внимание на знаците што ги испраќа окото, за навреме да се започне со лекување на глауком, пред да има трајни последици по видот.

Истакнуваме 4 знаци кои не треба да ги игнорирате бидејќи укажуваат на тоа дека глауком веќе е присутен:

1. Притисок и непријатност во очите

Повремени болки и чувство на притисок во очите и главоболки над очите и веѓите често се знаци на зголемен очен притисок. Понекогаш доаѓа до изразено наводнување на окото во сите услови. Ова е често случај кај луѓето кои работат многу часови на компјутер, па во секој случај треба да се провери очниот притисок (особено ако некој од семејството имал глауком).

2. Ноќен ореол

Глаукомот со отворен агол, но почесто со затворен агол често предизвикува ефект на виножито или проблеми со ноќниот вид како што се ореоли (или ѕвездена прашина) и заматен вид околу светли точки. Ова може да биде проблематично за возачите со глауком кои чувствуваат екстремен притисок и ненадејно слепило кога се отвора зеницата, особено ноќе или во слабо осветлени средини.

3. Промени во видното поле

Примарниот глауком со отворен агол обично се манифестира со побавно опаѓање на периферниот вид на пациентот (предизвикувајќи тунелен вид) и отсекување на аглите на видното поле на двете очи. Понекогаш има големо губење на видното поле пред пациентот да ја забележи промената, бидејќи пациентот не забележува мали загуби на видното поле.

4. Акутен глауком

Акутниот глауком со затворен агол нема предупредувачки знаци и најчесто се манифестира со изразено црвенило на окото, проширена зеница, силна главоболка и гадење. Акутниот глауком бара итна терапија.

Глаукомот е водечка причина за слепило и на почетокот нема никакви симптоми, а само со одење на превентивен офталмолошки преглед и мерење на очниот притисок може да се утврди дали имате глауком.

Поврзани вести

5 најбогати извори на витамин Ц

Radmila Tasevska

Зошто нутриционистите сакаат сок од цвекло? 10 неверојатни придобивки

Urednik

Седум рани симптоми на мултиплекс склероза

Radmila Tasevska