СТАНДАРД life
Шоубиз

Каја Гербер за Синди Крафорд: „Таа е кул мајка, но постојано ме срами“

Во најновото медиумско појавување за магазинот People, славните мајка и ќерка – Синди Крафорд и Каја Гербер проговорија за нивната блискост, но открија и колку често можат да се гледаат поради исклучително напорниот распоред што го имаат и двете.

Познатата мајка и ќерка веќе неколку пати работеа заедно на одредени модни кампањи, кои како и сè, имаат свои предности и недостатоци.

„Чувствувам дека постигнавме навистина силна врска, но и пријателство покрај врската мајка и ќерка, што ми беше многу забавно последните неколку години“, откри Каја. Така таа отиде со нејзината мајка на фестивалот Burning Man, кој се одржува во пустина.

Освен тоа, заедно одат на спа викенди, и двете уживаат во читањето, па зборуваат за книги или подкасти кои си ги препорачуваат, а уживаат и во театар.

Иако уживаат во поврзувањето поради слични интереси, Каја призна дека дури и денес нејзината мајка го наоѓа најдобриот начин да ја засрами, што не се разликува од другите мајки.

„Таа е кул мајка која постојано ме срами. Но, тоа е добро. Барем така ме спушта на земја… Веројатно и јас ја срамам“, вели Каја и открива дека особено и се допаѓа нивното заедничко снимање, каде никогаш не недостига смеа и добра забава.

📸Како да се сестри: Синди Крафорд и Каја Гербер модно координирани

Поврзани вести

📽 Џулија Робертс откри која улога и била најлоша: „Ми се гадеше од костимите“

Radmila Tasevska

📸 Брус Вилис во тешка здравствена состојба: Фотографиите што ги сподели неговата ќерка се срцепарателни

Radmila Tasevska

Адел го откри полот на бебето на нејзини фанови: „Се надевам дека и вие ќе ми направите услуга еден ден“

Urednik