СТАНДАРД life
Стил

📷Шерон Стоун го украде вниманието во гламурозна креација која не е за секого

Шерон Стоун, прославената актерка која годинава го прослави својот 65-ти роденден, беше ѕвезда на Меѓународниот филмски фестивал на Црвеното Море што се одржа во Саудиска Арабија.

Русокосата убавица, која и во седмата деценија мами воздишки со својата класична убавина и сензационална фигура, без сомнение беше најголемата сензација на Red Sea International Film Festival, каде не недостигаа познати имиња.

Шерон Стоун
Шерон Стоун

Шерон за оваа пригода избра необична креација која дефинитивно не е за сечиј вкус.

Станува збор за креација со волуменозен дизајн на впечатлива розова нијанса која ги откри нејзините раменици и деколтето, а под кои носеше црн градник со светки. Фустанот го дизајнираше Тони Вард, познат либанско-италијански моден дизајнер познат по впечатливите дизајнерски решенија, наоѓајќи инспирација во современата архитектура.

Својот незаборавен стајлинг актерката го заокружи со шик чанта со пердуви и интересни розови обетки.

Шерон Стоун
Шерон Стоун

Гламурозната коса исчешлана наназад и одличната шминка одлично се вклопија во оваа модна приказна за убавата актерка чии модни избори никогаш не остануваат незабележани.

Покрај Шерон, на овој настан се појавија и многу познати гости, како Џони Деп, Вил Смит, Алесандра Амбросио, Ед Вествик, Мишел Вилијамс…

Поврзани вести

Блеска и на 59 години: Во стајлингот на Сандра Булок доминираа најпосакуваните парчиња

Urednik

📸Изгледа сензационално: Маргот Роби плени со сексипилност на премиера на „Saltburn“

Urednik

Толку добар црн фустан со впечатлив детал одамна не сме виделе

Urednik