СТАНДАРД life
Здравје

Три знаци во устата кои можат да сигнализираат за недостаток на витамин Б12

УСТАТА би можела да биде една од првите области што ќе нè предупреди за недостаток на витамин Б12, кој, меѓу другото, се грижи за функцијата на централниот нервен систем и ги одржува крвните зрнца здрави.

Според Harvard Medical School, тешкиот недостаток на витамин Б12 може да доведе до длабока депресија, параноја и заблуди, губење на меморијата, инконтиненција, губење на вкус и мирис и многу други симптоми.

Некои од нив можат да се појават во устата, пишува British Medical Journal.

Глоситис

Глоситис е воспаление на јазикот. Овој симптом на недостаток на Б12 предизвикува отекување на јазикот и промена на неговата боја и текстура. Глоситисот често се манифестира со болка и осетливост. Исто така, може да го отежне зборувањето, јадењето или голтањето.

Губење на вкус

Глоситис може да предизвика исчезнување на мали испакнатини на површината на јазикот. Со оглед на тоа дека станува збор за пупки за вкус, логичната последица е оштетување, односно губење на вкусот.

Стоматитис

Стоматитис е рана или воспаление во усната шуплина. Раната може да се наоѓа на образите, непцата, внатре во усните или на јазикот. Обично има кружна или овална форма со бел или жолт центар и црвен, воспален раб.

Што да направите ако ги препознаете симптомите на недостаток на витамин Б12?

Доколку почувствувате какви било симптоми на недостаток на витамин Б12, обратете се кај вашиот матичен лекар. Добрата вест е дека состојбата може да се открие врз основа на симптоми и едноставен тест на крвта.

„Симптомите се подобруваат со третманот, но колку подолго состојбата не се лекува, толку е поголема шансата за трајно оштетување“, според British Medical Journal.

Витаминот Б12 се наоѓа, на пример, во месото, рибата, сирењето, путерот, јајцата и хранливиот квасец.

Поврзани вести

Седум нешта што треба да ги јадете за здраво срце

Radmila Tasevska

Како се менува нашето тело кога ќе наполниме 25?

Urednik

Едноставен лек против воспаление на грлото, ангина…

Urednik